Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Главната уредничка на МРТВ2 е винвона што се емитуваше т.н. 'голема Албанија' во програма“: директорот бара смена на Гаши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library2lufctii90kp2bFVJ21

Директорот на Македонска радио-телевизија, Марјан Цветковски, бара разрешување на главната уредничка на МРТВ2, Мерита Гаши, откако во програмата беше емитуван детски фестивал со симболи на т.н. „Голема Албанија“.

Цветковски за „Скопје1“ изјави дека постапката од негова страна е завршена и дека ќе биде испратено барање до уредништвото и до Програмскиот совет за утврдување одговорност, со предлог за разрешување и прераспределување на пониско работно место.

— реклама —

Постапката е покрената по задолжение од Програмскиот совет да се утврди одговорност за емитувањето на содржината на национална фреквенција. Дополнително, прекршувања констатираше и Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Според извештајот на АВМУ, со изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“ се поттикнувала етничка нетрпеливост преку иредентистички симболи и политички пораки. Изведувачката носела маица со карта на т.н. „Голема Албанија“, а на неа бил испишан слоганот „Еден јазик, еден народ, една крв“. Во текот на настапот биле користени и гестови со симболот на двоглавиот орел, додека текстот на песната содржел пораки за територијално обединување на делови од повеќе држави во регионот.

— реклама —

Случајот беше отворен откако „Скопје1“ го детектираше емитувањето на спорната содржина и побара институционална разврска.

— реклама —
media-library2lufctii90kp2bFVJ21

(Видео) Детски настап со симболи од „голема Албанија“ на МРТВ2

Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше емитувана на Македонската радио-телевизија, на вториот канал, во рамки на детски фестивал, предизвикувајќи реакции во јавноста поради содржината во сооднос со визуелните елементи на настапот. Ова е емитувано вчера (28 март) околу 11 часот утрото.Изведувач на песната е 13-годишно девојче, кое за време на настапот носи маица со мапа што во јавноста се поврзува со концептот на т.н. „голема Албанија“, што дополнително ја засили деб

Настани | пред 3 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq41pl0pan3na2UPxabb

Главната уредничка била на боледување, кој дозволи „голем Албанија“ во етерот на МРТВ2

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryqqesgnnojlao83tzISd

Ќе се утврдува кој и зошто дозволил детски настап со симбол на „голема Албанија“ на МРТВ2: во четврток точката пред Програмскиот совет

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања