Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше емитувана на Македонската радио-телевизија, на вториот канал, во рамки на детски фестивал, предизвикувајќи реакции во јавноста поради содржината во сооднос со визуелните елементи на настапот. Ова е емитувано вчера (28 март) околу 11 часот утрото.
Изведувач на песната е 13-годишно девојче, кое за време на настапот носи маица со мапа што во јавноста се поврзува со концептот на т.н. „голема Албанија“, што дополнително ја засили дебатата околу пораките што се пренесуваат преку јавниот сервис.
Во текстот на песната се пеат стихови: „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, по што следува порака за обединување: „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“. Песната завршува со мотиви за слобода и опстојување, со порака дека народот ќе живее слободно.
Визуелниот дел со мапата на т.н. Голема Албанија, која опфаќа делови од Македонија, Србија, Грција и Црна Гора, предизвика особени реакции бидејќи ова е емитувано на државната телевизија на Македонија. Емитувањето на ваков настап на јавен сервис ја отвори дилемата за границата меѓу културен израз и политичка симболика, особено кога станува збор за програма во која учествуваат деца.
(Фото) Позирале со симболи на „Голема Албанија“ и ја навредувале Србија па се објавиле на Фејсбук: Уапсени четворица Албанци во Србија
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија ги уапсија А. С. (1989), Е. В. (1984), Е. Г. (1978) и А. Ц. (2005), сите четворица државјани на Албанија, поради сомнение дека сториле кривично дело „поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост“ со провоцирање на годишнината од бомбардирањето од НАТО.А. С. јавно објавил видео на својот Фејсбук профил од кое се гледа како во автомобил „Ауди“ во друштво на другите осомничени лица вози по автопат низ Србија, на непримерен начин прикажувајќи ги симболите на „Голема Албанија“, како и вербално споменувајќи ја Република Србија во негативен контекст, користејќи несоодветни зборови, објаснуваат од српското МВР.На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјално одделение за борба против високотехнолошки криминал.
Свет | пред 4 дена