Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Година на протести и криза: Србија ја испраќа 2025 под сенката на политичка нестабилност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library9m0ii0hbh2uk0wx2LDk
Фото: AI - Skopje1

Годината што изминува за Србија ќе остане силно обележана со длабока општествена и политичка криза, поттикната од трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Падот на настрешницата на штотуку реновираниот објект, при што загинаа 15 лица, предизвика бран масовни студентски протести кои од месец во месец ги оголуваа бројните пукнатини во власта, персонализирани во ликот на претседателот Александар Вучиќ.

По трагедијата, студентите излегоа на улиците барајќи одговорност за, како што наведоа, немарот, корупцијата и коруптивните договори без јавни тендери. Протестите продолжија и во 2025 година, а нервозата кај власта видливо се зголемуваше.

Дополнително незадоволство во јавноста предизвика нападот врз студенти во Нови Сад од страна на поддржувачи на владејачката Српска напредна странка. Во инцидентот, една студентка беше тешко повредена кога ѝ беше скршена вилицата со бејзбол палка. Настанот, на почетокот на јануари, доведе до пад на владата на премиерот и лидер на СНС, Милош Вучевиќ.

— реклама —

Во март почина и 16-тата жртва од падот на настрешницата, а на 15 март, на дотогаш најмасовниот протест во Белград, по повик на студентите, се собраа повеќе од 300.000 граѓани. Протестот беше прекинат со неидентификуван продорен звук, по што демонстрантите ја обвинија власта дека употребила таканаречено звучно оружје. Власта тоа го негираше, а Вучиќ изјави дека ќе се повлече доколку се докаже таква употреба.

Во април Србија доби нова влада, на чие чело застана речиси непознатиот за пошироката јавност ендокринолог и универзитетски професор Ѓуро Мацут. Опозицијата владата ја оцени како „преодна“, а премиерот како „марионета“ на Вучиќ.

И покрај тоа, студентските блокади на повеќе од 40 факултети и протестите продолжија низ целата земја. Државниот врв ги нарекуваше „обоена револуција“ увезена од странство, со цел соборување на Вучиќ, додека паралелно се засилија апсењата на студенти и активисти под обвиненија за загрозување на уставниот поредок.

— реклама —

Студентите инсистираат институциите, особено правосудството, да работат без политички притисоци, бараат ослободување на приведените демонстранти и распишување предвремени избори.

На меѓународен план, Србија во 2025 година не направи исчекор кон Европската Унија, без отворен ниту еден нов преговарачки кластер. Европската комисија повторно оцени дека нема напредок во владеењето на правото, слободата на медиумите, слободата на собирање и усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, особено во однос на санкциите кон Русија.

— реклама —

Вучиќ, преку чести медиумски настапи на националните телевизии, се обидуваше да ја увери јавноста дека држи сѐ под контрола, иако економските индикатори покажуваат поинаква слика.

Во првите осум месеци од 2025 година, странските инвестиции изнесуваа 1,49 милијарди евра, наспроти 3,2 милијарди евра во истиот период лани. Јавниот долг ја надмина границата од 38 милијарди евра, а неколку странски компании ги затворија своите погони, оставајќи повеќе од 2.500 лица без работа.

Дополнителен удар дојде од американските санкции кон рускиот енергетски сектор, кои ја опфатија и Нафтната индустрија на Србија, во која Русија има мнозински удел. Поради тоа, хрватскиот ЈАНАФ ја прекина испораката на нафта, а рафинеријата во Панчево престана со работа кон крајот на ноември.

— реклама —

Во септември беше одржана голема воена парада, прва по повеќе од една деценија, со која, според аналитичарите, Србија испрати пораки и до домашната и до меѓународната јавност. Земјата договори и набавка на 12 француски борбени авиони „рафал“, потег што ја подели јавноста.

Годината заврши и со повлекување на компанијата поврзана со семејството на американскиот претседател Доналд Трамп од контроверзниот проект за луксузен комплекс во центарот на Белград, по масовни протести и обвинувања за погодности. Вучиќ најави кривични пријави против сите што, како што рече, учествувале во „хајката“, тврдејќи дека Србија изгубила инвестиција вредна 750 милиони евра.

Сѐ на сѐ, Србија ја испраќа годината со продлабочени внатрешни поделби, институционална криза и неизвесност околу политичката и економската иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2gfqf9m4o7c7aGY3kLb

По изборниот успех, Студентската листа на средби со американски и руски дипломати

Балкан | пред 18 часа

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 1 ден

media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 2 дена

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања