Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Годинава ќе пристигнат сите 42 борбени возила „Страјкер“, вели Мисајловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryue6eo9brb2d49qqTqsB

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја разгледа информацијата за потребата на доделување на амандаманот број 2 на договорот за техничка поддршка (Amendment 2 to TA 0206-23 050774402). Амандманот се однесува на договорот за набавка на 42 лесни оклопни возила на тркала STRYKER MK‑B‑UCE, склучен помеѓу владите на Република Северна Македонија и на Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Министерот за одбрана Владо Мисајловски при образложувањето на информацијата истакна дека се работи за технички амандман. Потенцира дека веќе 17 возила се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига.

- Се работи за технички аранжман, односно ова е технички амандман бидејќи знаете дека е потпишан договор за 42 борбени возила од типот „Страјкер“ со САД. Оваа година сите стигаат. Веќе 17 се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига итн. Како краен корисник е Министерството за одбрана и треба да се направи целосна обука. Ова е технички (амандман), како што бараат САД, да се направи аранжман за сите потоа да ги примиме и целосно да останат на Армијата. Нема ништо дополнително, Договорот е во ред. Оваа година сите ќе пристигнат - рече Мисајловски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysbc774696dfs80nvtmA

Мисајловски најави 17 нови проекти: Ќе се реконструираат домот на АРМ, хотелот „Шар“ на Попова Шапка и касарните

Македонија | пред 1 седмица

siljanovska-davkova-arm-1

Мисајловски најави 300 нови војници во Армијата

Македонија | пред 3 седмици

misajlovski-1

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Македонија | пред 1 месец

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Повикуваме на масовна излезност во втор круг, ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, вели Мисајловски

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања