Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес беше во посета на припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански" во Штип. Тој во изјава за медиумите најави дека оваа година очекува да бидат започнати 17 нови проекти
Можеме да видиме еден целосно готов објект како и еден проект како што можете да видите до 70% веќе завршен. Очекувам дека во наредниот месец комплетно ќе биде завршен овој објект. Мислам дека со овие услови покажуваме дека целосно се грижиме за нова, модерна инфраструктура. Ова се само дел од објектите што ги реконструираме. Како што може да видите, комплетно нова реконструкција. Ова ќе го правиме во сите касарни. Постојано вложуваме во нови проекти. Овие два објекти чинат, отприлика, 1 милион евра. А паралелно ќе ги работиме вакви објекти, скоро во сите касарни, но и многу други објекти.
Околу 17 нови проекти очекуваме оваа година да започнеме. Започнуваме со проектирање на армискиот дом во Скопје, кој што 30 години не е пипнат, целосна реконструкција на домот на АРМ ќе направиме. Започнавме проектирање на хотелот Шар на Попова Шапка, имаме уште еден хотел во Скопје кој бил во хаотична состојба, кој со години не бил пипнат. Направивме нов проект за сите касарни, тоа е реконструкција да можеме да направиме рамковна секаде каде што е потребно, и тоа ќе чини околу половина милион евра, и паралелно секаде каде што има армијата потреба, повеќе компании што ќе бидат избрани, директно да ги вклучуваме на сите објекти, да ги поправаме, односно да ги реконструираме сите овие капацитети што ги имаме како Министерството за одбрана, каде што со години дел од нив не биле пипнати“, вели Мисајловски.
Тој исто така изјави дека се работи и на нови капацитети, како и изградба на нов објект во Воената академија
„Во секоја една касарна она што е потребно дополнително ќе го направиме како што е одобрување на фазите, односно електрика, имаме проблеми и со водата, и така натака. И таму се прават проекти, како што кажав, повеќе од 10 милиони евра ќе издвоиме директно само за инфраструктурата“, изјави Мисајловски.