Промени тема
Контакт

Голем кибернапад во Латвија: Украдени податоци на 1,2 милиони лица и 200.000 компании

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarynmm28c7kfusecSt2Dit
Photo by Mika Baumeister on Unsplash

Голем кибернапад во Латвија довел до кражба на податоци поврзани со околу 1,2 милиони лица и 200.000 компании, соопшти латвиската Управа за безбедност на патниот сообраќај (CSDD).

Во нападот, кој се случил минатата недела, биле украдени лични податоци и податоци поврзани со возила, меѓу кои имиња и презимиња, податоци за плаќање, регистарски ознаки и адреси. Засега не е познато кој стои зад нападот.

— реклама —

Латвискиот премиер Андрис Кулберг не ја исклучи можноста нападот да бил извршен од странство. Надлежните за сајбер-безбедност предупредија дека украдените информации би можеле да бидат злоупотребени од измамници.

Кулберг нареди истрага за инцидентот, но истовремено го критикуваше раководството на CSDD затоа што не го информирало навреме за кражбата на податоците.

— реклама —

Премиерот потсети и на претходниот хакерски напад врз државната управа за шумарство во јуни, оценувајќи дека два сериозни сајбер-инциденти во краток период се јасен сигнал дека се потребни дополнителни безбедносни мерки.

— реклама —

„Ова сега буквално е прашање на национална безбедност“, порача Кулберг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

hakeri

Руски хакери го користеле Claude за сајбер-шпионажа

Технологија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Хакерите имаат нова тактика: Може да ја преземат сметката и без да ја знаат лозинката

Технологија | пред 1 седмица

media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Зошто хакерските групи имаат чудни имиња? Google го објаснува новиот систем

Технологија | пред 1 месец

media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Google: Хакери со телефонски повици провалуваат во сметките на големи финансиски компании

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања