Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Голем интерес за филмот за кочанската трагедија: Нови проекции на „Добри луѓе“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-librarytlf460qtnd59bnTrBUZ

Документарниот филм „Добри луѓе“ на режисерот Милчо Манчевски, посветен на кочанската трагедија и на луѓето погодени од пожарот во дискотеката „Пулс“, повторно ќе биде прикажан во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.

— реклама —

Од установата информираат дека поради големиот интерес, а откако за првата проекција на 22 август приоритет им бил даден на повредените лица и на семејствата на загинатите, капацитетот на салата бил пополнет за кратко време.

— реклама —

Поради тоа, „Добри луѓе“ ќе има уште две бесплатни проекции – на 24 и 25 август, со почеток во 19 часот.

„Поради приоритетот даден на повредените лица и семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката ‘Пулс’, првата проекција на документарниот филм ‘Добри луѓе’ на режисерот Милчо Манчевски на 22.08.2026 година за кратко време го пополни капацитетот на салата“, соопштија од НУ Центар за култура „Бели мугри“.

— реклама —

Од Центарот додаваат дека, доколку интересот продолжи, јавноста дополнително ќе биде известена и за нови термини за бесплатна проекција.

Филмот е директно поврзан со трагедијата во Кочани, па затоа и првичните проекции беа организирани со посебен приоритет за семејствата на загинатите и за повредените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Газдата Деко предложен за сведок во судскиот процес против деветтемина полицајци за случајот „Пулс“

Македонија | пред 4 дена

IMG_5515

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри сериозни противречности во исказот на вештакот Русевски

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

Вештакот на одбраната за „Пулс“ тврди дека објектот ги исполнувал основните минимални технички услови за угостителска дејност – кабаре

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања