Лекарите советуваат, најдобра заштита оротив грип е вакцинирањето.
Според податоците од Министерството за здравство, досега над 70 илјади граѓани се пријавиле за вакцина, а повеќе од 22 илјади веќе се вакцинирани низ државата. Вакцинацијата се спроведува во 35 пунктови, од кои пет се во Скопје, а пријавувањето се врши преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар.
Интересот е особено голем кај лицата над 60 годишна возраст.
Во поликлиниката Бит Пазар секојдневно се вакцинираат меѓу 500 и 600 граѓани против сезонски грип, а најголем дел од нив се постари лица.