Почна вакцинацијата со комерцијалните вакцини во ЦЈЗ Скопје, а во текот на неделата ќе отпочне вакцинација и во другите центри за јавно здравје низ државата, информира Министерството за зцдравство.
-Екипите на Центарот за јавно здравје - Скопје вршат вакцинација секој работен ден од 07:30 до 14:30 часот. Цената на комерцијалните вакцини изнесува 700 денари, се наведува во соопштението.
Комерцијалните вакцини се наменети за граѓаните кои сакаат да се заштитат од сезонската вирусна инфекција, односно од грипот, а не припаѓаат во некоја од ризичните групи.
Како што информира МЗ, за вакцинација против сезонски грип досега пријавени се над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица низ државата.
-Заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Певентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.