Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Голем пресврт: Американските сили го напуштаат Ирак до крајот на септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
amerikanski-vojnici

Американските воени сили ќе го напуштат Ирак до 30 септември, изјави денеска ирачкиот премиер Али ал Заиди, оценувајќи дека односите меѓу Багдад и Вашингтон влегуваат во нова фаза, во која акцентот ќе биде ставен на економската соработка.

— реклама —

„На 30 септември американските сили ќе го напуштат Ирак, а американските компании ќе влезат во Ирак“, изјави Ал Заиди за време на заедничкото обраќање со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

— реклама —

Ова е прва официјална посета на ирачкиот премиер во САД, откако ја презеде функцијата во мај годинава. Тој истакна дека посетата претставува почеток на ново партнерство меѓу двете држави, кое ќе се темели на инвестиции и економски развој, наместо на воена соработка.

Осврнувајќи се на безбедносната состојба во земјата, Ал Заиди порача дека ирачките безбедносни сили се способни самостојно да ги заштитат границите и да ја гарантираат безбедноста, додавајќи дека правото на поседување оружје треба да остане исклучиво во рацете на државата.

— реклама —

Во меѓувреме, Исламскиот отпор во Ирак, коалиција од вооружени групи поврзани со Иран, ја осуди посетата на ирачката делегација во Вашингтон, оценувајќи дека американското воено присуство во земјата претставува окупација, и повика на ослободување на ирачката економија од американското влијание.

Ирачката влада претходно соопшти дека американските сили целосно се повлекле од воените бази на федералната територија на Ирак, додека нивното присуство сè уште го има во полуавтономниот регион Курдистан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 10 часа

— реклама —
Policija

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза

Свет | пред 21 час

rast-na-berzi

Волстрит расте и покрај стравувањата од ново зголемување на каматите во САД

Свет | пред 1 ден

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања