Промени тема
Контакт

Голема акција во Прилеп: Над 20 лица уапсени, меѓу нив и поранешни директори и високи функционери во здравството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB
Скопје1.мк

Во координирана акција на Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство Прилеп, утринава се уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои, според информации на Скопје1, има поранешни директори и лица на раководни позиции во прилепската болница.

Од Обвинителството за Скопје1 потврдуваат дека акцијата се спроведува по нивни наредби и насоки, и дека во моментов се преземаат истражни дејствија поврзани со злоупотреби во работењето на јавната здравствена установа во Прилеп.

— реклама —

„По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп постапува Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден,“ велат од Обвинителството.

— реклама —

Според првични информации, предметот се однесува на финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреби со јавни пари, а истрагата се проширува и кон други институции кои имале договори со болницата.

— реклама —

Ова е една од најголемите акции во последните години во здравствениот сектор во Прилеп, а јавноста очекува Обвинителството утре да објави детали за уапсените и за можните кривични дела што им се ставаат на товар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradinka-2

Градинките во Прилеп полни, недостигот од персонал остава 150 деца на листа на чекање

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylarnlb7pbcul2mENszF

Пожарот кај Прилеп сè уште активен: Огнот се шири во два правци, на терен се 20 доброволци

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk4ites8rfcaifQmEd84

Пожар во прилепско село: Огнот навлегол меѓу куќите, се сомнева дека е подметнат

Македонија | пред 3 седмици

semejno-nasilstvo

Жена од прилепско пријавила дека била физички нападната од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања