„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Големи потреси и криза во врвот на Apple

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
207-2072008_apple-brand-background

Apple се соочува со најголемите потреси во врвното раководство во последните децении, пишува Си-Ен-Ен, откако во рок од само една недела беа најавени заминувања на тројца високи функционери, клучен директор за дизајн премина во Мета, а сè погласни се и шпекулациите дека извршниот директор Тим Кук се подготвува за повлекување.

— реклама —

Овие промени доаѓаат во критичен период, кога технолошкиот гигант — некогаш водечки во иновациите — се соочува со забелешки дека е предоцна вклучен во новата ера на вештачката интелигенција. За компанија со пазарна вредност од повеќе билиони долари, ваквите кадровски турбуленции може да значат и смена на начинот на размислување, дизајн и развој на производи кои ги користат милиони луѓе ширум светот.

„Јасно е дека влегуваме во период на зголемена нестабилност за Apple“, оцени Роберт Сигел, инвеститор и професор на бизнис-школата на Универзитетот Стенфорд.

— реклама —

И покрај тоа што акциите на Apple годинава пораснаа за околу 12 проценти, растот е значително побавен од оној лани, кој изнесуваше околу 30 проценти. Компанијата сè уште нема дадено коментар за најновите најавени промени.

Кој си заминува?

Само оваа недела најавени се заминувањата на три значајни фигури: Лиза Џексон, потпретседателка за екологија и општествени иницијативи; главната правничка Кејт Адамс; и Џон Џанандрија, потпретседател за машинско учење и АИ-стратегија. Во меѓувреме, Алан Дај, потпретседател за дизајн на кориснички интерфејс, преминува во Мета како главен директор за дизајн.

Apple веќе ги постави и наследниците: правната директорка на Мета, Џенифер Њустед, ќе стане шефица на правниот оддел на Apple, а одделите за екологија и општествени политики ќе преминат под надлежност на оперативниот директор Сабих Кан. Новиот потпретседател за вештачка интелигенција ќе биде Амар Субраманја, кој доаѓа од Мајкрософт.

Структурните промени не се својствени само за Apple — Мета ги пренасочи инвестициите од Метаверс кон АИ-наочари, Амазон отпушти 14.000 вработени во рамките на реформата за забрзување на АИ-развојот, а Гугл ги обедини хардверските и софтверските тимови за поголема интеграција на вештачката интелигенција.

Но за Apple, компанија позната по тајност, дисциплина и стабилност, ваков јавен одлив на кадри е невообичаен.

„Ова е спротивно на типичната култура на Apple“, вели аналитичарот Ден Ајвс. „Но мора да го ‘откинат фластерот’. Стратегијата за АИ досега беше невидлива — и токму таа ќе ја дефинира оставнината на Тим Кук.“

Големите прашања пред Apple

Токму кога конкурентите забрзано напредуваат, Apple се најде под притисок. Големата надградба на Siri, која требаше да ја доближи компанијата до водечките АИ-платформи како ChatGPT и Gemini, е одложена за следната година. Vision Pro, првата нова категорија на производи по повеќе од една деценија, сè уште е уред со ограничена примена.

Во меѓувреме, конкурентите најавуваат драматични пробиви: Мета со Ray-Ban Display паметните наочари, Самсунг и Гугл со Geminі-погонет хедсет, а OpenAI навлезе и во интернет-пребарувањето и онлајн-трговијата.

Аналитичарите предупредуваат дека Apple нема да може долго да остане надвор од „АИ трката“.

iPhone и понатаму силен, но времето истекува

И покрај турбуленциите, продажбата на новата генерација iPhone 17 е силна. Според Counterpoint Research, ова би можела да биде година во која Apple за првпат од 2011 година ќе го надмине Самсунг во вкупната продажба на смартфони.

Некои експерти сметаат дека промените во раководството можат да донесат свежа перспектива и нова динамика во момент кога технолошкиот сектор се трансформира под влијание на АИ.

„Не можете да ја гледате четвртата индустриска револуција низ прозорец и да останете надвор“, заклучува Ајвс. „Очигледно е дека на Apple му се потребни масивни промени во врвот.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library64312d26qmnq6hIs3dW

Овие се познатите „цигли“ кои беа бисери: пет модели на телефони кои владееја со светот

Магазин | пред 2 месеци

iphone1

Ова се цените на моделите iPhone 16 и iPhone 16 Pro

Магазин | пред 1 година

207-2072008_apple-brand-background

(Видео) Apple ќе ги претстави новите модели на iPhone

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Apple го подготвува најскапиот iPhone досега

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања