Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Горивата поскапуваат од полноќ: Дизелот поскап за 4,5 денари, бензините за 3 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
benzinska-benzin-nafta-

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти во однос на претходната одлука од 20 јули.

Новите цени ќе важат од 28 јули во 00:01 часот.

Согласно одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар, што претставува поскапување од 3 денари по литар.

— реклама —

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 4,5 денари и ќе изнесува 98,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 5 денари, на 98 денари за литар.

— реклама —

Поскапува и мазутот М-1 НС, чија нова максимална цена ќе изнесува 48,099 денари за килограм, односно за 2,726 денари повеќе од досегашната.

Од РКЕ информираат дека зголемувањето на цените е резултат на растот на референтните цени на светските пазари, каде што бензините поскапеле за 6,229 проценти, дизелот за 7,442 проценти, екстра лесното масло за 8,051 процент, а мазутот за 8,159 проценти.

— реклама —

Комисијата потсетува дека станува збор за максимални малопродажни цени, а трговците можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени од утврдените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Од полноќ нови цени на горивата: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари

Македонија | пред 2 часа

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Нови цени на горивата: бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот поскапува за 1 денар

Македонија | пред 1 седмица

IMG_8162

Од 1 август поскапува парното во Скопје, сметките повисоки во просек за 140 денари

Македонија | пред 3 седмици

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поскапуваат горивата: Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања