Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Гостивар отруен од вода, 4.700 граѓани во болница а нула одговорни од власта“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

СДСМ преку соопштение бара одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, откако, според партијата, повеќе од 4.700 граѓани побарале медицинска помош, додека досега нема одговорност од надлежните институции.

— реклама —

Од СДСМ обвинуваат дека станува збор за сериозна здравствена криза и прашуваат врз основа на кои анализи било тврдено дека водата е „технички исправна“ и безбедна за употреба.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека премиерот Христијан Мицкоски претходно ги уверувал граѓаните дека водата може да се користи, додека министерот за здравство Сашо Клековски, според нив, подоцна изјавил дека во водата биле утврдени „многу различни бактерии и вируси“.

СДСМ бара одговори кој дозволил водата да се користи, кој потврдил дека е безбедна и каде е официјалниот извештај со анализите врз основа на кои биле дадени претходните уверувања.

— реклама —

„Со здравјето на луѓето не смее да се игра“, велат од СДСМ, од каде што додаваат дека не смее случај во кој илјадници граѓани побарале медицинска помош да помине без утврдување одговорност.

— реклама —

Опозициската партија го повика Јавното обвинителство да отвори постапка и да утврди дали има пропусти и кој треба да понесе одговорност за случајот со водоснабдувањето во Гостивар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања