Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Готвач откри што јадат фудбалските ѕвезди пред важни натпревари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
media-library1jgkscqejgmn4E5STTi
wikimedia commons

Во пресрет на четвртфиналниот натпревар меѓу Англија и Норвешка на Светското првенство, готвачот Џони Марш, кој со години подготвувал оброци за повеќе од 100 фудбалери од Премиер лигата, откри како изгледа исхраната на врвните спортисти пред големите натпревари.

Според него, подготовката не започнува на денот на натпреварот, туку неколку дена претходно. Уште два дена пред мечот постепено се зголемува внесот на јаглехидрати, а ден пред натпреварот главните оброци најчесто се состојат од тестенини или ориз, со цел играчите да ги наполнат енергетските резерви.

— реклама —

На денот на натпреварот појадокот е полесен и содржи протеини, малку зеленчук и лесно сварливи јаглехидрати, за играчите да имаат доволно енергија без чувство на тежина.

Марш открива дека многу фудбалери консумираат и цвекло или сок од цвекло, бидејќи се смета дека тоа придонесува за подобра издржливост при физички напор.

— реклама —

Тој истакнува дека во последните години од менито на многу професионални клубови речиси целосно исчезнале кечапот и мајонезот поради високата содржина на шеќер и масти.

— реклама —

Освен исхраната, големо внимание се посветува и на хидратацијата. Играчите редовно внесуваат електролити и свежи сокови, а во оброците често има намирници богати со вода, како краставици и поточарка, за да се одржи оптималната рамнотежа на течности во организмот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања