Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Град Скопје: Мицковизмот, преку хистеричното его на Мицкоски, главниот лик на новиот режим, функционира единствено со притисоци и закани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
11112024-Mickoski-22

„Неколку месеци по седнување во премиерската фотеља, шефот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, започна со перфидни затскриени пресметки со сите кои му го попречуваат патот до институциите и нивните буџети. Градот Скопје е предмет на блокада од неговите послушници во Советот, каде веќе 3 години се обидува да префрли вина на друг за одлуки кои само неговите советници на чело со Трајко Славевски можат да ги донесат“, реагира Град Скопје на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Денес како и во изминатите 3 години, повреденото его на Мицкоски и неговите удари се насочени повторно кон град Скопје, а на удар се градоначалничката и директорите на скопските јавни претпријатија. Од опозиција срамежливо повикуваше на оставки и упатуваше дискретни закани, а сега од позиција на моќ директно се пресметува и око не му трепнува што граѓаните трпат поради неговата суета.

— реклама —

Поврзано со неговите коментари за промени на директорските позиции во јавните претпријатија, должни сме да го потсетиме Мицкоски дека процесот на промени на директори започна со неговиот близок другар од детството Филип Пасху, кој од позицијата Директор на ЈП Паркинг Скопје даде оставка по само 3 дена од именувањето бидејќи кадровикот Мицкоски направил погрешна проценка, за на негово место да седне сегашниот директор на АНБ повторно близок до Мицкоски, кој во моментов е актуелен со скандалот поврзан за веродостојност на сертификат за познавање странски јазик.

Следен беше разрешен директорот на Мицкоски кој закла 10 коњи во ЗОО Скопје, а потоа најблискиот и најпослушен Мицковистички директор кој беше фатен со рачињата во медот. По обелоденување на истото, следеа по налог на шефот 7 оставки од Мицковистичката директорска екипа, кои послушно во ист ден објавија идентичен текст напишан за таа намена од ПР центарот на Мицковизмот, дека немале соработка каква очекувале.

— реклама —

Дополнително јавноста сигурно го памети поранешниот директор на Комунална Хигиена Зуди Кока, за чиј брат Мицкоски јавно тврдеше дека со пиштол се обидел да го убие при протестите во Скопје и лично инсистираше Кока да се разреши. На Мицкоски сега не му е проблем истиот тој Зуди Кока, повторно коалициски да биде поставен за директор во неговата Влада, иако брат му се обидел да го убие.

— реклама —

Мицкоски сега е централна власт, а локална власт е веќе 3 години, да цветаа општините во Македонија кои се под негово партиско водство, можеби некој и ќе му веруваше на тоа што го зборува. Бидејќи не успеа да биде шпицен градоначалник, време е да го одблокира градот и да ги остави Скопје и скопјани на раат. Наместо да се занимава секојдневно со градот Скопје, нека се погрижи „патриотот“ Мицкоски да им испорача на граѓаните на Македонија тоа што им го вети пред изборите, бидејќи за тоа не може да му биде друг виновен, туку единствен виновник на Мицкоски ќе му биде Мицкоски“, се додава во реакцијата на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања