Промени тема
Контакт

Град Скопје не успеа да го затвори дивиот премин на Бит Пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
bitpazar

Обидот на Град Скопје да го затвори неофицијалниот пешачки премин во близина на Бит Пазар заврши без успех, откако граѓаните излегоа на терен и со жив ѕид го спречија поставувањето метална ограда.

Според очевидци, на местото се собрале претежно жители од Чаир и околните населби, кои бурно реагирале на одлуката преминот да биде затворен. Тие велат дека секојдневно го користат преминот и дека неговото укинување сериозно би им го отежнало движењето.

— реклама —

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претходно најави дека дивиот премин ќе биде трајно затворен, со образложение дека станува збор за небезбедно и нелегално преминување на коловозот. Тој посочи дека имало иницијативи преминот да биде легализиран, но Градот ја отфрлил таа можност од безбедносни причини.

Во текот на протестите, демонстрантите во неколку наврати го блокирале булеварот „Крсте Петков Мисирков“, поради што сообраќајот бил целосно запрен во одредени периоди. На терен имало засилено полициско присуство.

— реклама —

Во непосредна близина на дивиот премин се наоѓа натпатник кој со години не е во функција. Иако градоначалникот најави дека токму тој треба да се користи како безбедна алтернатива, граѓаните реагираат дека натпатникот е во лоша состојба и не се одржува, а нефункционални се и лифтовите поставени во него.

— реклама —

Засега дивиот премин останува отворен, а пешаците и натаму ја преминуваат улицата на сопствен ризик и покрај густиот сообраќај на оваа делница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library2a6t5ajt58d01LrZ1Bx

(Видео) Автомобил удрил во автобуска постојка на Бит Пазар

Скопје | пред 4 дена

izet-medziti-1-im

„Две решенија за дивиот премин кај Бит-пазар – семафор или уривање на надвозникот“, најави Меџити

Македонија | пред 1 месец

media-librarybtfth5mnbcui7AVs2JV

(Видео) Се урива „Али Тобако“ на Бит Пазар, објектот беше на велосипедска и пешачка патека

Скопје | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-27-at-10.05.12

Ноќен пожар на Бит Пазар: Изгоре автомобил, оштетено и второ возило

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања