Голем пожар на Бит-пазар: Огнот зафатил куќи, во гаснењето учествувале 23 пожарникари
Во пожар што избувнал вчера на Бит-пазар, на улицата „Никола Мартиновски“ бр. 33, биле зафатени станбени објекти.Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во периодот од 17:20 до 20:20 часот, а во неговото гаснење учествувале 23 пожарникари со седум противпожарни возила.Засега нема информации за висината на материјалната штета, а во пожарот нема повредени лица. На местото и понатаму се присутни дежурни полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар.
Скопје | пред 3 дена