Промени тема
Контакт

(Видео) Се урива „Али Тобако“ на Бит Пазар, објектот беше на велосипедска и пешачка патека

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarybtfth5mnbcui7AVs2JV

Почна уривањето на објектот „Али Тобако“ на Бит Пазар, кој со години се наоѓаше на пешачката и велосипедската патека, покажуваат снимките на “Скопје1”.

Отстранувањето следува откако градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека ќе се расчистуваат дивопоставените објекти кои, како што рече, го узурпираат јавниот простор и го попречуваат движењето на граѓаните.

„На Бит Пазар има едно тобако коешто невозможно е да се функционира од тоа тобако, на сред велосипедска и пешачка патека, ќе биде отстрането. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор и невозможно функционирање на граѓаните, таму ќе постапуваме. Мораме да градиме систем во кој ќе има ред“, изјави Ѓорѓиевски пред четири месеци.

— реклама —

Тој претходно посочи дека станува збор за објекти кои немаат соодветна документација и кои, според него, со години биле толерирани на штета на јавниот интерес.

— реклама —

„Ред ќе има. Знам дека во одредени процеси некој нема да го прими тоа позитивно, затоа што му го нарушуваме комодитетот кој 30 години некој му го дозволил на сметка на граѓаните и на градот. Тоа се објекти кои узурпираат велосипедски и пешачки зони, но и градски зелени површини“, рече градоначалникот.

Отстранувањето на „Али Тобако“ е дел од најавената акција за расчистување на дивопоставените времени објекти во Скопје, за кои градските власти најавија дека ќе бидат отстранети доколку немаат законска документација или го попречуваат нормалното користење на јавните површини.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library2a6t5ajt58d01LrZ1Bx

(Видео) Автомобил удрил во автобуска постојка на Бит Пазар

Скопје | пред 3 часа

izet-medziti-1-im

„Две решенија за дивиот премин кај Бит-пазар – семафор или уривање на надвозникот“, најави Меџити

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-27-at-10.05.12

Ноќен пожар на Бит Пазар: Изгоре автомобил, оштетено и второ возило

Скопје | пред 2 месеци

media-librarypb6c2m87lsuadnmZ5QZ

Нова несреќа на нелегалниот премин кај Бит Пазар: Автомобил удри маж и жена

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања