Промени тема
Контакт

Нова несреќа на нелегалниот премин кај Бит Пазар: Автомобил удри маж и жена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-librarypb6c2m87lsuadnmZ5QZ

Уште една сообраќајна несреќа се случи на нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар, дополнувајќи ја долгата листа на инциденти на оваа локација. Во попладневните часови автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале коловозот. Двајцата се здобиле со телесни повреди, но според првичните информации се надвор од животна опасност.

На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, кои работат на утврдување на сите околности на случајот.

— реклама —

Граѓаните повторно побараа овој премин да биде легализиран и да се постават семафори и обележан пешачки премин, со цел да се спречат нови несреќи.

Пред неколку дена беше направен обид за затворање на нелегалниот премин, но по реакциите и протестите на граѓаните, работите беа прекинати, а поставените заштитни огради беа отстранети.

— реклама —

Жителите тогаш соопштија дека добиле уверувања оти ќе се разгледа можноста за легализација на преминот. Таквата можност ја потврди и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Во изминатите години на ова место се регистрирани десетици сообраќајни несреќи, од кои некои завршиле и со смртни последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypb6c2m87lsuadnmZ5QZ

„Нелегалниот“ премин кај Бит-пазар станува легален: Ќе бидат поставени семафори

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library2a6t5ajt58d01LrZ1Bx

(Видео) Автомобил удрил во автобуска постојка на Бит Пазар

Скопје | пред 3 седмици

izet-medziti-1-im

„Две решенија за дивиот премин кај Бит-пазар – семафор или уривање на надвозникот“, најави Меџити

Македонија | пред 1 месец

media-librarybtfth5mnbcui7AVs2JV

(Видео) Се урива „Али Тобако“ на Бит Пазар, објектот беше на велосипедска и пешачка патека

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања