Промени тема
Контакт

Починат маж пронајден кај лифт во објект на Бит Пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-library050nv58kgqrc19SDvNB
Скопје1.мк

65-годишен маж од Скопје е пронајден починат во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје“, соопшти МВР.

Според информациите, починатиот претходно дошол во објектот во посета.

— реклама —

„Во разговор со полициските службеници, вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети“, соопшти МВР.

Инцидентот се случил во делот кај лифтот, кој во тој момент не бил во функција.

— реклама —

„Откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. дека лифтот не работи, а симнувајќи се надолу слушнал дека се вклучил алармот од лифтот затоа што вратите од лифтот на сите катови биле отворени. После тоа, на приземјето во делот на лифтот го пронашол на подот А.С.“, соопшти МВР.

— реклама —

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, соопшти МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library2a6t5ajt58d01LrZ1Bx

(Видео) Автомобил удрил во автобуска постојка на Бит Пазар

Скопје | пред 4 дена

izet-medziti-1-im

„Две решенија за дивиот премин кај Бит-пазар – семафор или уривање на надвозникот“, најави Меџити

Македонија | пред 1 месец

media-librarybtfth5mnbcui7AVs2JV

(Видео) Се урива „Али Тобако“ на Бит Пазар, објектот беше на велосипедска и пешачка патека

Скопје | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-27-at-10.05.12

Ноќен пожар на Бит Пазар: Изгоре автомобил, оштетено и второ возило

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања