„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Град Скопје засади нов дрворед во Ѓорче Петров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
48376445_2105825152797019_3328179958785769472_o

Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје денеска продолжува со засадување нов дрворед по должината на улицата Ѓорче Петров.

— реклама —

- По добиените информации за подземните инсталации од повеќе институции како што се ЕВН, БЕГ, ЈП „Водовод и канализација“, МВР и други оператори, Градот Скопје со јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ денеска засадуваa нов дрворед во Ѓорче Петров. На потегот од раскрсницата што води кон болницата „Санте плус“, па до бензинската пумпа на Макпетрол, од двете страни на улицата ќе бидат засадени 70 дрвја од видот јасен. Сите дрвја што ги садиме, наскоро ќе ги добијат имињата на новородените деца во градот, како дел од проектот „Дрво за секое дете“ – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на денешната прес-конференција.

— реклама —

Oваа есенска акција за обновување на дрворедите и за подигање нови дрвореди Градот ја спроведува во соработка со сите скопски општини кои учествуваат со механизација и садници.

- Продолжуваме со обновување на загубеното зеленило во сите општини во градот. Им обезбедуваме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која директно влијае врз здравјето на граѓаните – нагласи Салиху.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Скопје | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања