Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Градот дојде кај дивите свињи, не тие кај нас”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryg064kii2nus66mTs9B7

По појавата на диви свињи во населбата Водно, професорот Јове Кекеновски со остра јавна реакција предупреди дека станува збор за сериозен системски проблем, а не за изолиран инцидент.

— реклама —

Според Кекеновски, појавата на диви животни во урбаното подрачје е директна последица на долгогодишна погрешна урбанистичка политика и институционална неодговорност. Тој нагласува дека дивите свињи не се симнуваат од планината од љубопитност, туку затоа што човекот со години навлегува во нивниот природен простор.

„Со години се сече шума, се гради таму каде што не смее, се толерира дивоградба и се уништуваат природните коридори по кои се движат животните. И сега се чудиме како е можно диви свињи да одат по тротоари“, посочува Кекеновски.

— реклама —

Тој потсетува дека Водно е парк-шума, а не градежна парцела, и остро ја критикува, како што вели, лицемерната позиција на институциите и дел од ловечките друштва, кои уверуваат дека животните не се опасни и дека „нема проблем“, без притоа да одговорат на суштинското прашање – кој дозволил урбанизација на тие простори и зошто.

— реклама —

„Најточната формулација ја дадоа самите ловци: дивите свињи не дојдоа во градот – градот дојде кај нив“, наведува професорот.

Кекеновски предупредува дека доколку продолжи, како што ја нарекува, неконтролираната и срамна урбанизација, последиците нема да застанат со појавата на диви животни. Следни, според него, ќе бидат свлечишта, пожари и поплави, а Водно ризикува да стане „само име на улица или тажно сведоштво за алчноста на градежните бизнисмени и молкот, па дури и соучесништвото на локалните и градските власти“.

— реклама —

„Ова не е прашање на идеологија, туку на разум, одговорност и елементарна грижа за иднината на Скопје“, заклучува Кекеновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryps2vog28oh380bZoWfx

Кекеновски: Не постои законска забрана судија да одреди притвор ако обвинителот бара куќен притвор

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryq8k5f0srg6rqeYADl7N

(Видео) Скандал е институционалниот пропуст, не тремата на кандидатот, вели Кекеновски за кандидатката која зборуваше за Ататурк а ја прашаа за Инстабулската конвеција

Коментари | пред 5 месеци

ChatGPT-Image-Jul-2-2025-10_17_32-AM

Европа мора да слуша и кога боли, не сме рецепт туку народ – писмо до Марта Кос

Коментари | пред 1 година

kekenovski-dimitro

Кекеновски за Димитров: Знае ли воопшто овој човек што е срам? Годишните времиња и ветрот поспоро се менуваат отколку неговите ставови

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања