Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кекеновски: Не постои законска забрана судија да одреди притвор ако обвинителот бара куќен притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryps2vog28oh380bZoWfx

Проф. д-р Јове Кекеновски ја критикува изјавата на Сузана Јошевска-Анастасовска дека судија „не смее“ да одреди ефективен притвор ако обвинителот предложил куќен притвор, оценувајќи ја како неточна и правно неодржлива. Тој појаснува дека член 144(2) од ЗКП не воведува забрана, туку бара судот да процени дали целта може да се постигне со поблага мерка, што е прашање на конкретна судска оценка, а не врзаност за предлогот на обвинителот. Кекеновски потсетува дека за Артан Груби веќе бил одреден притвор и потерница поради ризик од бегство, па по приведувањето мерката требало да се изврши освен ако нема нови околности. Според него, ваква поедноставена интерпретација од член на Судскиот совет создава погрешна перцепција за кривичната постапка.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Проф. д-р Јове Кекеновски реагираше на изјавата на Сузана Јошевска-Анастасовска, член на Судскиот совет на Република Македонија, која тврди дека судија „не смее“ да определи ефективен притвор доколку обвинителот предложил куќен притвор. Кекеновски оценува дека таквата формулација е неточна, го игнорира процесниот контекст и создава погрешна перцепција за основните принципи на кривичната постапка.

— реклама —

Во својата јавна Фејсбук-објава, г-ѓа Сузана Јошевска Анастасовска, како член на Судскиот совет, тврди дека судија на претходна постапка „НЕ СМЕЕ“ да изрече притвор ако обвинителот предложил куќен притвор, додавајќи дека „нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривичнапостапка“.

Доколку ваквиот став се темели на член 144 став (2) од ЗКП, тогаш станува збор за погрешно толкување на начелото на пропорционалност и редукција на основни процесни принципи. Имено, одредбата од законот гласи: „При одлучувањето која од наведените мерки ќе ја примени, надлежниот орган ќе се придржува кон условите определени за примена на одделни мерки, водејќи сметка да не се применува потешка мерка ако истата цел може да се постигне со поблага мерка. Судот спрема обвинетиот истовремено може да определи повеќе мерки од ставот (1) на овој член, освен кога ќе ја определи мерката притвор.“

Оваа одредба не воспоставува забрана за определување притвор ако обвинителот предложил куќен притвор, туку обврска за внимателна проценка дали поблагата мерка ја постигнува истата цел. Клучниот елемент е „ако истата цел може да се постигне“, што претставува прашање на конкретна судска оценка врз основа на утврдени околности, а не автоматска врзаност со предлогот на обвинителот.

Во конкретниот случај, за Артан Груби претходно беше определен притвор од 30 дена и распишана меѓународна потерница поради недостапност. Тоа значи дека судот веќе утврдил ризик од бегство како законски основ за притвор (декември 2024 година).

По завчерашното приведување, таа мерка требало да започне да се извршува, освен ако не се утврдени нови околности што убедливо го елиминираат тој ризик. Доколку обвинителството сметало дека се изменети околностите, можело да предложи (или пак предложило иако за тоа немам инфо) замена на претходно изречената мерка, но судот повторно е должен самостојно да ја оцени исполнетоста на законските основи и тоа да го образложи.

Игнорирањето на овој процесен контекст ја прави тезата за „неможност“ (судија на претходна постапка „НЕ СМЕЕ“ да изрече притвор ако обвинителот предложил куќен притвор) правно неодржлива. Апсолутната формулација „НЕ СМЕЕ“ нема експлицитна законска поткрепа.

Кога ваква поедноставена и неточна правна интерпретација се изнесува од член на Судскиот совет (орган што ја гарантира независноста и стручноста на судството) тоа не е само прашање на институционална воздржаност, туку и на лична одговорност за јавно изнесен правен став што создава погрешна перцепција за основни правила накривичната постапка“, вели Проф. д-р Јове Кекеновски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryocgnb69dbaba66A9ood

Адвокатката Јошевска му врати на Коцевски: Обвинителството повеќе ќе се грижи за својот имиџ отколку за обвинението

Коментари | пред 5 месеци

70702417_10220351688050871_5528372257191100416_n

Кога јавноста нема одговор зошто не е искористено странското вештачење, не преостанува друго освен да мисли дека се работи на прикривање, вели Јошевска

Коментари | пред 2 години

299920777_10228618403993603_5595199146724079439_n

Непримарно и недипломатско е писмото на австрискиот амбасадор, се меша во внатрешни работи, реагира адвокатката Јошевска-Анастасовска

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања