Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Граѓаните заслужуваат одговори за Алта банка“ – Лукаревска за интерпелацијата на Славевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Македонија
media-library62p8gkklc7rvavZmtNh

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, смета дека контрадикторните изјави на гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски, и недостигот на транспарентност во случајот со Алта банка се сериозни причини за поднесената интерпелација за неговото работење.

— реклама —

Во гостувањето на ТВ Сител, Лукаревска посочи дека е недозволиво гувернерот да дава различни информации за сопственоста на банката, додека Народната банка дала согласност Давор Мацура да стане член на нејзиниот Надзорен одбор. Таа го критикуваше и неговото вклучување во политички препукувања наместо да понуди јасни одговори пред јавноста.

— реклама —
— реклама —

Лукаревска посочи дека сè уште нема објаснување како биле утврдени лимитите за повлекување средства од Алта банка, ниту доволно информации за односите со Комисијата за хартии од вредност и постапувањето на Македонската берза.

— реклама —

Таа информираше дека Славевски има рок од 20 дена да одговори на интерпелацијата. Во меѓувреме, треба да продолжи и надзорната расправа за случајот, а сведоците кои досега не се одѕвале повторно ќе бидат поканети. Според Лукаревска, по сослушувањето треба да бидат донесени и објавени заклучоци за одговорноста и евентуалните пропусти во контролните механизми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска: Од училиште направивме старски дом, по барање на градоначалник од СДСМ

Скопје | пред 2 месеци

— реклама —
media-librarykpjdg9ngbo11cowg4CK

Сања Лукаревска: „Нови 20 милиони евра задолжување додека власта секој ден врти криминални тендери“

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања