Промени тема
Контакт

Сања Лукаревска: „Нови 20 милиони евра задолжување додека власта секој ден врти криминални тендери“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarykpjdg9ngbo11cowg4CK

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска денеска ја обвини Владата дека продолжува со нови задолжувања без јасна финансиска рамка, предупредувајќи дека јавниот долг оди во, како што рече, опасна насока.

На изјава за медиуми, Лукаревска информираше дека во Собранието е поднесен Предлог-закон за ново задолжување од 20 милиони евра, наменети за изградба на фискултурни сали. Според неа, во законското решение не е наведена каматната стапка, што, како што оцени, отвора сериозни прашања за транспарентноста на задолжувањето.

— реклама —

Таа наведе дека Владата, од една страна, тврди дека нема средства за зголемување на платите, за воведување минимална плата од 600 евра или за нови мерки за поддршка на животниот стандард, додека од друга страна продолжува со, како што рече, високи јавни трошоци и милионски тендери.

— реклама —

Лукаревска посочи дека, според нејзините тврдења, во државната каса недостигаат околу една милијарда евра, а таа разлика се покрива со нови задолжувања кои ќе ги отплаќаат идните генерации.

Како пример за досегашното задолжување, таа наведе дека Владата веќе земала заем од една милијарда евра од Унгарија, дополнителни 660 милиони евра на домашниот пазар, како и дека само во декември 2025 година биле издадени државни обврзници во вредност од 100 милиони евра. Дополнително, според неа, се најавува и можност за нов кредит од околу шест милијарди евра.

— реклама —

Лукаревска се повика и на проекциите на Светската банка, според кои јавниот долг на земјата годинава би можел да достигне 62,9 проценти од бруто-домашниот производ, што, како што оцени, ја става државата меѓу најзадолжените во Западен Балкан.

— реклама —

Од СДСМ најавија дека нивните пратеници ќе се спротивстават на предложеното задолжување и на секое наредно зголемување на јавниот долг, повикувајќи ја Владата да ги намали трошоците и да обезбеди средства за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Велите да пријавиме? Пријавуваме со месеци, вие сте на власт

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Кога Мицкоски најавува поевтинување, цената оди нагоре – ребалансот е признание дека нема пари

Свет | пред 5 часа

media-libraryom4l82tja6890jIfUrI

СДСМ: Мицкоски донесе сиромаштија, изолација и празни фрижидери – милиони има за Гета, но не и за граѓаните

Македонија | пред 6 часа

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

„И што сега, Мицкоски?“: СДСМ прашува зошто премиерот е незадоволен од пораките на Фон дер Лајен

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања