Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Грција ја преиспитува набавката на француските дронови „Патролер“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library03phe7cn1b6tbqwpiYG
фото: unsplash

Грција ја преиспитува одлуката за набавка на француските дронови „Патролер“, собира дополнителни информации и разгледува алтернативни опции, јавуваат грчките медиуми.

Иако набавката сè уште не е откажана и процесот е во тек, блиски извори проценуваат дека шансите Грција да ги набави овие беспилотни летала се намалуваат, пренесува порталот „Катимерини“.

— реклама —

Како главни причини се наведуваат долгите доцнења и проблемите со инсталацијата на системот Линк-16, кој е неопходен за интероперабилност, услов поставен од Атина.

— реклама —

Од друга страна, француската влада на 8 април ја откажала сопствената нарачка од производителот „Сафран Електроникс & Дифенс“, по шестгодишни одложувања, што дополнително ги зголемило сомнежите за способностите на дронот.

Француските воени команданти тврдат дека дронот е премногу бавен, преголем и лесно се детектира со современите системи за електронско војување.

— реклама —

Грчкото воено воздухопловство претходно набавило четири дронови „Патролер“ преку агенцијата на НАТО за поддршка и набавки, а испораката била планирана за крајот на 2024 година.

Договорот вреден 55 милиони евра бил потпишан во јуни 2023 година, но до крајот на 2025 година само еден прототип поминал тестирања.

Тоа предизвикало дополнителна загриженост во Атина за ефикасноста на системот, при што воени извори предупредуваат дека дронот би можел да стане застарен уште пред да биде оперативно распореден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-rabotnici

Се претставувале како електричари и ограбувале домови: Четворица уапсени во Грција

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library8btf7qj004gjaE20JAc

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Халкидики

Балкан | пред 2 дена

police_457542992-1-1021x580

Шест мигранти осомничени за напад и силување во Солун, жртвата ја фрлиле во морето

Балкан | пред 3 дена

bura-696x391

Црвен аларм во девет области во Грција поради силни бури и обилни врнежи

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања