„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Грчката полиција „улови“ вредна пратка: Запленет кокаин вреден над 5,5 милиони евра во Солун, уапсени тројца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
kokain-solun

Грчката полиција открила 271 килограм и 150 грама кокаин во контејнер со пратка од Латинска Америка што пристигнал на пристаништето во Солун, при што биле уапсени тројца членови на меѓународна криминална мрежа.

— реклама —

Според информациите од полицијата, како што цитираат грчките медиуми, акцијата била резултат на податоци добиени од Националната агенција за борба со криминал на Обединетото Кралство, кои се однесувале на транспорт и морски увоз на контејнер со голема количина кокаин во Солун.

Во средата бил лоциран контејнерот, а дрогата била пронајдена во специјално изработен скриен дел.

— реклама —

Богатиот товар со интересен потпис „Дизел“ е откриен во пристаништето на 6 август:

„Единицата за борба против организиран криминал разби меѓународна криминална организација чии членови транспортирале големи количини кокаин преку контејнери од Латинска Америка. Операцијата е спроведена врз основа на информации од Националната агенција за борба против криминал (NCA) на Велика Британија за испорака на контејнери со голема количина кокаин со брод од Латинска Америка до пристаништето во Солун.

Во попладневните часови во среда, 6 август 2025 година, беше спроведена голема операција во соработка со Единицата за борба против организиран криминал на Северна Грција, Единицата за борба против шверц на царина и Единицата за информации и специјални операции. Во таа прилика, беше пронајден контејнер со специјално направено скривалиште, во кој имаше 271 килограм и 150 грама кокаин. Дрогата е запленета“, се вели во соопштението.

Апсењата на осомничените биле извршени во саботата во едно атинско предградие.

Тројцата приведени, на возраст од 32 до 47 години, имале различни улоги во процесот на увоз и трговија со дрогата. Нелегалната заработка од продажбата на запленетата количина се проценува на над 5,5 милиони евра, соопштија од грчката полиција.

Фото: Greek police

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања