Грејната сезона официјално завршува на 15 април 2026 година, информира Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), по што започнува т.н. преоден период кој ќе трае до 30 април.
Според правилата, греењето нема целосно да запре, туку ќе се активира само под одредени услови. Доколку прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) покаже дека средната дневна температура ќе биде еднаква или пониска од 12 степени, снабдувачот ќе мора да обезбеди греење.
Во тие случаи, во периодот од 06:00 до 22:00 часот, температурата во домовите треба да достигне 20 степени, со дозволено отстапување од +1 степен.
Со ова практично се воведува флексибилен режим на греење до крајот на месецот, кој ќе зависи директно од временските услови, наместо од фиксниот календарски рок.