„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кога системот не гледа живот: сведоштво на иселеник за апсурдите со греењето во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Коментари
media-library62t1k2tvgebpbmPuau0
Фото: AI - Skopje1

Иселеник од Македонија кој веќе четири години живее и работи во Канада, Кирил Колемишевски, јавно ја сподели својата приказна за, како што вели, „апсурдот што само Македонија знае да го направи нормален“, откако му бил укинат статусот на времено исклучен корисник на централно греење, иако радијаторите во неговиот стан се физички исклучени и пломбирани.

— реклама —

„Пред четири години се преселив во Канада. Во Македонија доаѓам еднаш до двапати годишно, само да ги видам родителите, брат ми и пријателите. Имам стан во Скопје кој најголемиот дел од годината е затворен и празен“, вели Колемишевски.

Тој објаснува дека радијаторите во станот се исклучени од системот со официјална интервенција и дека нема никаква техничка можност да користи централно греење.

— реклама —

„Радијаторите се физички исклучени и пломбирани. Немаат контакт со системот. Единствено што постои се цевките што минуваат низ станот, затоа што системот мора да ги снабдува становите над мене“, наведува тој.

Сепак, проблемот започнал затоа што при кратките престои во Скопје, користел електрична енергија.

„Кога ќе дојдам во Македонија, нормално е дека го користам станот. Фрижидерот работи, вклучувам бојлер, полнам телефон, правам кафе, готвам јадење. Трошам струја затоа што сум таму, не затоа што сум се греел“, посочува Колемишевски.

Според него, државниот правилник предвидува дека за да се признае статус на „времено исклучен од греење поради некористење“, мора да се докаже дека станот не се користел, преку просечна месечна потрошувачка на струја под 50 киловат-часови

„Ова веројатно е направено за да се спречат манипулации. Но јас имам пломбирани радијатори, а сум потрошил повеќе струја затоа што сум дошол дома“, вели тој.

Токму поради тоа, како што тврди, ЕСМ Снабдување со топлина му го укинало статусот. „Не рекоа дека сум се греел. Не рекоа дека сум добил услуга. Само рекоа дека не сум го поминал нивниот административен тест“, нагласува Колемишевски.

Последицата, според него, била драстична. „

Не ме задолжија да платам само за тие неколку денови кога сум бил во станот. Туку ме вратија како активен корисник за целата грејна сезона, од октомври до април. Значи, плаќам греење за цела сезона, иако радијаторите се пломбирани и јас реално не сум добил тоа што го плаќам“, вели тој.

Колемишевски поднел приговор до Регулаторната комисија за енергетика, но тој бил одбиен.

„Мојот приговор беше уредно и прецизно одбиен како неоснован, затоа што со фамозниот правилник бил пропишан максимален износ на струја што можеш да го потрошиш, без разлика што радијаторите ти се исклучени“, наведува тој.

Како единствена правна можност му било понудено да поведе управен спор. „Ми го овозможија моето граѓанско право да ја тужам Регулаторната комисија пред Управен суд. Ама со моето искуство со управни спорови, сфатив дека тоа е однапред изгубена битка. Систем кој е наместен да ти даде право да добиеш право, ама не и реално да го добиеш“, вели Колемишевски.

Во своето сведоштво тој ја критикува суштината на системот.

„Тоа е Македонија. Правилникот станува поважен од човекот. Системот не гледа живот, не гледа реалност, не гледа логика, туку гледа бројка, табела и слепо следење правила“, пишува тој.

Колемишевски заклучува дека ваквите искуства се причина зошто многу иселеници не размислуваат за враќање. „Не затоа што сме се откажале од земјата, туку затоа што земјата премногу лесно се откажува од човекот, освен кога треба да му земе пари“, наведува тој, додавајќи дека неговиот случај е „дури и смешен“ во споредба со луѓе кои, поради правилници и административни одлуки, останале без пензии, надоместоци или основни права.

„Дома се враќаш за да почувствуваш дека припаѓаш, не за да се докажуваш дека си жив во систем што те казнува затоа што си дошол да си го видиш семејството“, порачува Колемишевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Енергетска политика на ВМРО-ДПМНЕ на „варена жаба” ја турка државата во сиромаштија

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvj41h4ev9u776Saxiwl

Од понеделник парното поскапо за 5,9%, сметките повисоки за 130 денари

Македонија | пред 1 месец

299509404_1172966359952879_737114708362148672_n

Поскапува парното за 5%

Скопје | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања