Промени тема
Контакт

Од понеделник парното поскапо за 5,9%, сметките повисоки за 130 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryvj41h4ev9u776Saxiwl

Од 1 декември цената на парното се зголемува за 5,9% до 7,7%. РКЕ прави анализи и за цените на струјата од 1 јануари.

— реклама —

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука од 1 декември цената на парното во просек да се зголеми за околу 130 денари. Како што соопшти претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски, семејство кое досега плаќало 2.200 денари, сега ќе плаќа за 130 денари повеќе, односно сметката ќе им биде 2.330 денари.

— реклама —

Цената на топлинската енергија за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) се зголемува во просек за 5,9%. За потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк 7,7%.

„Зголемувањето на цената е поради неопходни инвестиции за санација на топловодната мрежа. Во периодот што претстои мора да се направи долгорочно стратешко планирање и да се започне со сериозна санација и модернизација на топлинската мрежа која е стара од 1960 година. Овие инвестиции ќе ги намалат дефектите, ќе го подобрат квалитетот на снабдување, ќе овозможат ширење на мрежата што ќе влијае врз зголемување на конзумот. Ќе повторам и сега дека затоплувањето на парно е најекономично, анализите покажаа дека доколку сите исклучени од парно повторно се приклучат на системот, сметките ќе се намалат за околу 10 отсто”, изјави Бислимоски.

— реклама —

Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија, така што нема да има ценовен шок за домаќинствата.

„Која ќе биде крајната цена, одредува регулаторот. „АД ЕСМ“ поднесе целна цена од 65 евра за мегават-час, што е три евра или околу четири проценти повеќе, но никако преку сто евра колку што е пазарната цена. Иако претходно како Влада бевме критикувани, и во Извештајот на ЕУ, но и од дел од јавноста дека не спроведуваме еден од чекорите кои се дел од планот за пораст, а тоа е либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствата, јасно кажавме дека тој чекор нема да го примениме бидејќи ако го примениме цената на електричната енергија нема да биде 63,65 евра туку сто евра за мегават-час. Тогаш вкупната цена на електричната енергија за домаќинствата ќе поскапи за фантастични 50 проценти”, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymnrj9di8eko819oKE4O

Мицкоски го означи почетокот на изградбата на автопатот Букојчани – Кичево

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryt5sij8j2pd818O5D7GQ

Почнува изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, Мицкоски најавува целосно поврзување на Скопје и Охрид

Македонија | пред 17 часа

media-library8raoe11nd5da8h1KGyz

(Видео) Мицкоски до Бугарија: „Во Европа ќе влеземе со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма“

Македонија | пред 1 ден

media-library6oclipb5adq35pyPbtQ

Мицкоски: Кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања