Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Груевски со обвинувања: „СДСМ ја пропушти шансата да ја врати ОКТА во државна сопственост и создаде нов монопол“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
nikola-gruevski-45

Поранешниот премиер Никола Груевски јавно ја обвини СДСМ дека свесно ја пропуштила можноста Македонија да ја врати рафинеријата ОКТА во државна сопственост, да избегне арбитражни штети и да спречи создавање, како што тврди, нов де факто трговски монопол на пазарот на нафтени деривати.

Според Груевски, активирањето на цевководот од Солун до Скопје како продуктовод, по 13 години неактивност, не е техничко, туку суштинско политичко и економско прашање. Тој потсетува дека со приватизацијата на ОКТА во 1999 година, целта била модернизација на рафинеријата, стабилно снабдување на домашниот пазар и зачувување на работните места. Наместо тоа, грчкиот сопственик, според него, постепено ја водел рафинеријата кон затворање, кое фактички се случило во 2011 и 2012 година, по што производството целосно запрело, а опремата била демонтирана и продавана.

Груевски тврди дека уште тогаш сопственикот побарал нафтоводот, наменет за сурова нафта, административно да се трансформира во продуктовод за транспорт на готови деривати од грчки рафинерии. Владата што тој ја предводел, како што наведува, тоа го одбила, оценувајќи го како изигрување на договорот и обид да се создаде нерамноправна позиција на пазарот. Наместо тоа, државата инсистирала на модернизација и повторно ставање во функција на рафинеријата во Скопје.

— реклама —

Клучниот дел од неговите обвинувања се однесува на, како што вели, подготвен специјален закон, изработен со меѓународни консултанти и адвокатски куќи, со кој Македонија ќе можела да ја прекине обврската за купување мазут, да ги урне арбитражните тужби и да ја врати ОКТА во државна сопственост. Во рамки на тој процес, според Груевски, биле обезбедени и потенцијални купувачи за рафинеријата, со понуди за нејзина модернизација и повторно активирање.

— реклама —

Тој тврди дека законот бил оставен подготвен во 2017 година, но владата на СДСМ го отфрлила, ја изгубила арбитражата и, наместо државата да добие надомест, дозволила сопственикот на ОКТА да премине од производител во привилегиран трговец со речиси монополска позиција. Дополнително, со трансформацијата на нафтоводот во продуктовод, според него, се фаворизира една странска компанија, додека другите трговци се ставаат во понеповолна положба.

Груевски укажува и на последиците за домашната економија, наведувајќи дека со укинувањето на камионскиот транспорт на деривати, голем број македонски транспортни компании и вработени останале без работа. Тој смета дека државата сега има ограничени опции: изградба на нова мини-рафинерија, или изградба на државни продуктоводи кон Србија, Косово, Бугарија или Албанија, со цел создавање конкуренција и намалување на зависноста од еден снабдувач.

— реклама —

Според поранешниот премиер, национализацијата на постојната ОКТА веќе не е исплатлива поради застарената опрема, но пропуштањето на подготвениот закон и дозволата за продуктовод, како што оценува, претставуваат „нова голема штета“ за државата. Тој заклучува дека Македонија денес фактички останала без рафинерија и со доминантен увозник на нафтени деривати, состојба која, доколку не се преземат мерки, може да трае со децении.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4euep141q1he0pIWv9q

Груевски ослободен во „Талир 2“ – „Белата палата“ се одмрзнува по осум години

Македонија | пред 3 дена

media-libraryomutu5c1grd6dKM4lUb

Груевски за луксузните станови на Водно: Обвинителката Стефанова го уцени Камчев да сведочи против мене, а тие не се мои

Коментари | пред 5 дена

media-library6l77jjmjlka9a02wmiw

Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски: Џакузи, панорамски поглед и почетна цена од 2,46 милиони евра

Македонија | пред 6 дена

gruevski

Никола Груевски: Лага е дека пред заминувањето од Македонија престојував во хотелот што го спомена Маленко

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања