Груевски за Берлускони: Секогаш и без исклучок ни даваше поддршка кога ќе побаравме нешто за Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230612233015

Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи откри детали за Силвио Берлускони.

— реклама —

- Имав многу средби и разговори со Силвио Берлускони. Од онаа првата која беше партиска во 2005 година во просториите на неговата партија во Рим, кога меѓу другото ми раскажуваше дека сака да има многу подолг живот од просечниот човечки живот и дека за таа цел приватно вложил ако добро паметам 400 милиони евра во научни истражувања за продолжување на човековиот живот, преку многуте средби во својство на премиери исполнети со многу анегдоти и шеги проткаени помеѓу службените и државнички разговори, за на крај последната средба да е повторно на партиски самит во Ла Валета на самитот на европската народна партија во март 2016 година, време во кое се справуваше со многу политички проблеми и судски прогони за кои и покрај сѐ, ведро и проткаено со многу шеги раскажуваше. Човек кој многу го сакаше и на свој начин го живееше животот, секогаш ведар и расположен, ќе остане во сеќавање на италијанскиот народ по многу нешта меѓу кои и како премиер на Италија со најдолг мандат по втората светска војна.

— реклама —

Некои го почитуваат, некои помалку, но она што беше константа за нас како македонци и како граѓани на Република Македонија, беше што секогаш и без исклучок ни даваше поддршка кога ќе побаравме нешто за Македонија. Во времето кога тој ја предводеше Италија, секогаш имавме отворена поддршка, и не се грижеше многу што за тоа ќе помислат некои наши соседи или било кој.

— реклама —

Нека почива во мир!, напиша тој на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања