Промени тема
Контакт

Хаг потврди: Нема да има обдукција на телото на Ратко Младиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
ratko-mladic

Хашкиот Меѓународен резидуален механизам соопшти дека нема да биде извршена обдукција на телото на генералот Ратко Младиќ, кој во четвртокот почина во притворската болница во Хаг на 84-годишна возраст.

— реклама —

Холандските надлежни органи веднаш по неговата смрт ги започнале стандардните процедури предвидени со холандското законодавство. Од Хаг потврдија дека нема да биде покрената кривична истрага, ниту ќе биде извршена обдукција.

— реклама —

Сепак, претседателката на Механизмот, судијката Грасиела Гати Сантана, наложила сеопфатна истрага за околностите околу смртта на Младиќ. За спроведување на истрагата бил задолжен судијата Ијан Бономи.

Бономи отпатувал во Хаг и започнал со работа, при што ја посетил Притворската единица на Обединетите нации и затворската болница каде што бил сместен Младиќ.

— реклама —

Од Механизмот наведуваат дека истрагата е во тек, а дополнителните детали засега остануваат доверливи.

Хашките власти соопштија и дека се во редовен контакт со семејството на Младиќ, вклучително и во врска со прашањата поврзани со преносот на неговите посмртни останки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ratko-mladic

Семејството на Младиќ обвинува за третманот во Хаг: „Мојот татко беше убиен пред моите очи“

Балкан | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryhas25pg938mi84AC6uh

„Уште тогаш ми делуваше фанатично“: Сведоштво на новинар кој го сретнал Ратко Младиќ

Свет | пред 1 месец

ratko-mladic

Почина Ратко Младиќ на 84 години во Хаг, кој беше осуден на доживотна казна затвор за геноцид извршен за време на војната во БиХ

Балкан | пред 1 месец

ratko-mladic

Синот на Ратко Младиќ: Здравствената состојба дополнително се влошила, не може ниту да зборува

Балкан | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања