Промени тема
Контакт

Хамнеи повика на единство: „Поделбите меѓу муслиманите им одат во прилог на непријателите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи ги повика муслиманските земји, особено државите од Персискиот Залив, на поголемо единство и меѓусебна соработка.

Во порака објавена по повод Неделата на исламското единство, Хамнеи оцени дека поделбите меѓу муслиманските земји им одат во прилог на нивните противници.

Тој ги повика муслиманските држави да соработуваат во различни области и да развиваат заеднички механизми за одбрана.

Според Хамнеи, противниците на муслиманскиот свет се обидуваат различните расни, културни, политички, економски и географски разлики да ги претворат во причина за поделби.

— реклама —

„Тие настојуваат сите видови разлики да ги претворат во изговор за создавање поделби меѓу муслиманските народи“, порача иранскиот лидер.

Тој особено им се обрати на владетелите на арапските земји од Персискиот Залив, поставувајќи им прашање дали нивните противници би се осмелиле да ги посакаат нивните земји и имот доколку народите и владите во регионот бидат обединети.

— реклама —

Хамнеи ги повика лидерите на исламските земји да го препознаат, како што тврди тој, „вистинскиот непријател“, да ги разберат неговите планови и заеднички да му се спротивстават.

Во истата порака, тој ги обвини САД и Израел дека се противници на единството меѓу муслиманските земји.

— реклама —

Неговите изјави доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу Иран и арапските монархии од Персискиот Залив. Техеран во изминатиот период изведуваше напади врз американски воени објекти, но и врз инфраструктура во земји од регионот, што дополнително ги зголеми стравувањата од поширока ескалација.

Моџтаба Хамнеи во јавноста не се појавил откако, според ирански наводи, бил повреден во американско-израелските воздушни напади пред шест месеци, во кои загинал неговиот татко и поранешен врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd3ek1h3lfvkg6fQFFDV

(Видео) Иран објави снимка од Хамнеи по шпекулациите за неговото здравје

Свет | пред 3 седмици

media-library61gb3tgo6j4b6JcxJvQ

Иранскиот врховен лидер Хамнеи бил тешко повреден во ногата за време на нападот на САД и Израел

Свет | пред 2 месеци

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Врховниот лидер на Иран тешко повреден во напад, потребна му е пластична операција

Свет | пред 4 месеци

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Се обложиле на смртта на ајатолахот, платформата одбила да исплати 54 милиони долари

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања