Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Хрват го фатил синот како пуши марихуана, па му удрил шлаканица – судот го казни со 500 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
marihuana2

Општинскиот суд во Дубровник казнил со 500 евра 45-годишен маж поради насилство врз својот син, откако го затекнал на игралиште во Мокошица како, според неговото сведочење, пуши марихуана со пријател. Инцидентот се случил во август 2024 година.

— реклама —

Како што објавува хрватскиот портал „ДУлист“, судот му ја изрекол најблагата можна казна за тоа што му удрил шлаканица на синот. Во истата пресуда, таткото бил ослободен од обвинението дека го удрил и пријателот на својот син.

Како олеснителни околности судот ги зел предвид фактот дека мажот претходно не бил осудуван, како и тоа што на судењето го признал делото за кое бил обвинет.

— реклама —

На судењето, 45-годишникот објаснил дека на игралиштето пристигнал околу 22:30 часот, додека се одржувал фудбалски турнир.

— реклама —

Според неговото сведочење, ги видел синот и неговиот пријател како пушат марихуана, по што почнал да им вика.

„Во еден момент замавнав со раката и го удрив синот по образот, а истото го направив и со неговиот пријател. Тоа повеќе беше воспитна мерка, бидејќи во тој момент не знаев како да реагирам, а сметав дека нивното однесување не е во ред“, изјавил таткото пред судот.

Сепак, судот го казнил за насилството врз синот со парична казна од 500 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryerpc1s3c44b56GFNOFP

Јандроковиќ ги осуди скандирањата на Торцида: „Тоа беше грда порака од Хрватска“

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
plenkovich

Пленковиќ ја призна неправдата кон Македонија, но дали Хрватска ќе постапи поинаку со Црна Гора?

Свет | пред 3 дена

crna-gora-eu-1-750x430-1

Хрватска постави услови за влез на Црна Гора во ЕУ, отворени седум спорни прашања

Балкан | пред 6 дена

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Хрватски борбен авион „Рафал“ пресретнал патнички авион што испратил сигнал за киднапирање

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања