Обвинител, член на Советот на јавни обвинители е вториот пријавен во случајот каде врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за земање на 10.000 евра со цел вршење на противзаконито влијание, дознава „Скопје1“. Пријавата за ова лице доаѓа од страна на синот на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој пак, одлежува затворска казна за трговија со марихуана.
Засега кај него немало претреси - обвинителот се обидува да дојде до докази.
Станува збор за лице кое е поранешен обдусман, но и министер за правда во периодот на широката владејачка коалиција, за време и по воениот конфликт во 2001 година. Во 2003 година, тој беше и втор мандат министер за правда, во првата Влада на СДСМ и на ДУИ, а краток период беше и член на Уставниот суд.
Од 2020 година, овој обвинител е дел од Советот на јавни обвинители.
Повеќе информации во текот на денот.
Претходно:
Врховниот судија Георгиев по 10.000 евра остана без имунитет, може да оди во притвор, а оддалечен е и од работното место
Врховниот судија Наке Георгиев остана без судиски имунитет, а Судски совет со ваква одлука ги отвори вратитњ тој да оди во притвор. Ова е конечната одлука од вчерашната седница која се одржа зад затворени врати на полноќ.„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето суд
Македонија | пред 2 години