Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

И за возење 50,5 км/ч ќе има опомени“, вели Мицкоски за критиките за „Безбеден град“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarykgodaioc1j416AxQO6H

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека цврсто стои зад примената на системот „Безбеден град“ и дека Владата е подготвена да ги издржи сите политички последици, доколку тоа резултира со спасени човечки животи.

— реклама —

„Апсолутно ја поддржувам примената на ‘Безбеден град’ како проект и поддржувам да се прошири на целата територија. Некои велат дека ќе донесе политички удар, јас велам дека сме подготвени да го издржиме тој удар, само да спасиме некој живот“, изјави Мицкоски.

Тој потсети дека само во последните две недели во главниот град имало три човечки жртви – повредени и загинати пешаци, како резултат на непочитување на сообраќајните правила.

— реклама —

„Слушам критики од пратеници на поранешното мнозинство СДСМ–ДУИ, како возеле 52 км/ч, 55 км/ч и добиле опомени. И со 50,5 км/ч ќе добијат опомени, бидејќи има правила што значи прилагодена и неприлагодена брзина“, нагласи премиерот.

— реклама —

Мицкоски додаде дека бројката на жртви и тешки несреќи не остава простор за компромиси.

„Се губат човечки животи поради неприлагодена брзина. Еве само видете колку луѓе ги загубиле животите затоа што возачи не прилагодиле брзина и поминале на црвено светло“, рече тој, истакнувајќи дека системот има за цел да воведе ред, дисциплина и култура во сообраќајот.

— реклама —

Според Мицкоски, сите критики ќе бидат прифатени, но нема да влијаат врз решеноста на Владата да продолжи со модернизацијата на системите за безбедност и намалување на ризиците на улиците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања