Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

И во 2017 година имаше слична епидемија во Гостивар со 800 заболени, но причината никогаш не беше откриена, рече Клековски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека актуелната епидемија во Гостивар не е прв ваков случај во градот, потсетувајќи дека и во 2017 година имало масовно заболување, но причината никогаш не била официјално утврдена.

— реклама —

Тој рече дека токму поради искуството од пред девет години, институциите сега се целосно насочени кон утврдување на причинско-последичната врска и откривање на изворот на заразата.

— реклама —

„Во Гостивар ова не е прва ваква ситуација. Во 2017 година имаше околу 800 засегнати, односно пријавени пациенти, без разрешница, односно без да се најде што е причинителот“, изјави Клековски.

Министерот нагласи дека целта на истрагата е овојпат јавноста да добие јасен одговор што довело до епидемијата, за вакви ситуации да не се повторуваат.

— реклама —

„Ние сме целосно посветени да најдеме причинско-последична врска и да ја информираме јавноста што е причината за оваа состојба, за таа конечно да може да биде разрешена. Гостивар не смее понатаму да биде жртва на вакви настани“, рече Клековски.

Во меѓувреме, надлежните институции продолжуваат со анализите на мострите од водата и со епидемиолошките истражувања, додека Јавното обвинителство води предистражна постапка за утврдување на евентуална кривична одговорност во врска со загадувањето на водата за пиење во Гостивар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 1 месец

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања