Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

И втор странец уапсен на Табановце: возел со двојно поголема брзина, фатен е на „Сејф сити“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library2hjl356e3oicfajUMMW

Полски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако при проверка било утврдено дека системот „Безбеден град“ го евидентирал како сторител на кривично дело за безобѕирно управување со моторно возило.

— реклама —

Според МВР, на 22 август во 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на автомобил „форд“ со полски национални ознаки, управуван од 46-годишниот М.Ј. од Полска.

При проверката било утврдено дека возачот претходно бил евидентиран од „Безбеден град“ како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик.

— реклама —

Тој управувал со брзина од 164 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина била 80 километри на час.

— реклама —

Тоа значи дека се движел 84 километри на час над дозволеното ограничување.

М.Ј. бил лишен од слобода на Табановце, а од МВР најавуваат дека против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Случајот доаѓа во период кога на Табановце веќе функционира системот за проверка на странски возачи со прекршоци евидентирани од „Безбеден град“, при што тие се идентификуваат пред да ја напуштат државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi3b2bs9et7l27Vp13z6

Од утре камерите на „Безбеден град“ ќе казнуваат и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Камерите на „Безбеден град“ ќе ловат нов прекршок со помош на вештачка интелигенција

Македонија | пред 2 седмици

media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

„Безбеден град“ почна да снима прекршоци и во Велес

Македонија | пред 1 месец

media-librarym30rofrhld2220GP5jD

(Фото) Ниту моторџиите не се „невидливи“ за камерите: „Безбеден град“ почна да ги казнува и моторите, ги лови задните таблици

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања