Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ИАЕА: Нема докази за оштетување на иранските нуклеарни објекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Генералниот директор на Меѓународна агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, изјави дека засега нема индикации дека биле оштетени иранските нуклеарни постројки по неодамнешните американски и израелски напади.

— реклама —

Во обраќање пред Управниот одбор на агенцијата, Гроси нагласи дека нема докази оти биле погодени „нуклеарните инсталации, вклучително и нуклеарната електрана Бушер, истражувачкиот реактор во Техеран или други објекти од нуклеарниот горивен циклус“. Тој посочи дека ИАЕА се обидува да стапи во контакт со иранските регулаторни власти во нуклеарната сфера, но дека „досега нема одговор“.

— реклама —
— реклама —

Гроси повика на „најголема можна воздржаност во сите воени операции“, имајќи ги предвид нуклеарните објекти во Иран и во други земји од регионот, меѓу кои Бахреин, Ирак, Кувајт, Оман, Катар и Саудиска Арабија. Според него, секое воено дејствување во близина на такви постројки носи сериозен ризик од пошироки последици.

Во меѓувреме, иранскиот амбасадор при ИАЕА, Реза Наџафи, за Би-Би-Си изјави дека во неделата бил погоден нуклеарниот комплекс во Натанз, но не изнесе дополнителни детали за евентуалната штета или последици. Официјална потврда за обемот на евентуалните оштетувања засега нема, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу состојбата на теренот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања