Македонскиот актер, музичар и шоумен Игор Џамбазов денеска го прославува својот 63. роденден, а по тој повод сподели искрена порака на социјалните мрежи.
Тој откри дека пред многу години не бил сигурен дали воопшто ќе ја дочека оваа возраст, но денес, како што вели, е жив, полн со енергија и благодарен на сите што биле покрај него.
„Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63. Ама еве ме. Жив, и по малку здрав. Но во форма. И полн со енергија. Огромно благодарам до сите вас што ме подржувавте сиве овие години... И да знаете: 63 се новите 36. Следна цел: Проект 99. 63+36=99“, напиша Џамбазов.
Неговата објава за кратко време доби бројни честитки и пораки со желби за здравје, долг живот и нови успеси од пријатели, колеги и обожаватели.