„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

(Видео) „Децата во Кочани ги убија наши неодговорни луѓе, од алчност, корупција и незнаење“, Џамбазов со емотивен говор за „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Настани
media-librarykcn4etd875f144WG0Px

Со силни зборови и емотивен настап, Игор Џамбазов ја коментираше трагедијата во дискотеката „Пулс“, прашувајќи јавно: „Кој ги уби тие деца?“

— реклама —

„Наши неодговорни луѓе. Луѓе-нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, луѓе. Нахранет со алчност, корупција и незнаење“, рече Џамбазов, оценувајќи дека трагедијата е симбол на системска негрижа и морален пад.

Во својот говор тој потсети дека пред три години на истата сцена рецитирал стихови од поетот Славко Јаневски, алудирајќи на песната „Крвава бајка“, инспирирана од масакрот во Крагуевац во 1941 година.

— реклама —

„Тиквешко негде в некое село, кај слана тивко венеше цвете, убија дете. Кому му ги рецитирав овие стихови? Ја научи ли некој оваа поезија?“, праша тој, повлекувајќи паралела меѓу историските злосторства и современата трагедија.

Џамбазов го спомена и масакрот во Крагуевац од 21 октомври 1941 година, кога беа стрелани ученици и наставници, потсетувајќи на зборовите на наставникот кој рекол: „Пукајте, јас и сега држам час“.

„Како кај нас не се најде некој да го каже тоа, да ги заштитеше овие деца?“, праша Џамбазов, додека зад него на видеобим стоеше испишан насловот „Македонска крвава бајка“.

Неговиот говор повторно ја отвори болната тема за одговорноста за трагедијата во „Пулс“ и за тоа дали општеството научило нешто од сопствените трагедии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-09-13-at-11.05.14

(Видео) Да станев пратеник немаше да го трпам ова сега „не сум баш спремен за македонски“, вели Џамбазов

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-15-at-09.23.13

(Видео) Џамбазов откри неочекувана понуда од жена политичар: Подобро претседател во Сретеново отколку на Македонија

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-11.05.14

(Видео) Џамбазов раскажа тешка епизода од неговиот живот: Одбил „нестварна сума“ за митинг, додека немал пари ни за струја

Магазин | пред 5 месеци

dzambazov-mavrovo

(Видео) Училиштето каде пред неколку години Џамбазов пречека само едно прваче, годинава има четири нови дечиња

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања