Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ИЈЗ предупредува: Мали сипаници се појавија во соседството, родителите да ги вакцинираат децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
korona-kovid-vakcina-vakcinacija
Илустрација

По регистрираните случаи на мали сипаници во дел од соседните земји, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати апел до граѓаните во Македонија да го проверат својот вакцинален статус и статусот на своите деца, како и да ги надоместат пропуштените дози од МРП-вакцината.

— реклама —

Од Институтот посочуваат дека недоволниот опфат со оваа вакцина во Македонија бара зголемена претпазливост и навремено преземање превентивни мерки. Особено важно е децата да ги примат двете дози од МРП-вакцината, која штити од мали сипаници, рубеола и паротит, согласно со националниот Календар за имунизација.

— реклама —
— реклама —

Граѓаните што ја пропуштиле вакцинацијата треба да се обратат во надлежните вакцинални пунктови за проверка на статусот и надоместување на пропуштените дози.

ИЈЗ нагласува дека вакцинацијата е најефикасната мерка за заштита од мали сипаници и спречување на нивното ширење, а дополнителни информации граѓаните можат да добијат во најблискиот вакцинален пункт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања