Промени тема
Контакт

Илегална експлоатација на злато завршува со трагедија во Нигерија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
rudnik

Најмалку 100 лица загинале при уривањето на рудник за злато во нигериската сојузна држава Замфара, изјавиле денеска преживеани и локални жители.

Рудничкото окно на наоѓалиштето Кадаури, во областа на локалната самоуправа Мару, се урна вчера додека рудари работеле под земја.

— реклама —

Акциите за спасување продолжија и денеска. Локален жител кој учествува во спасувачките операции, изјави дека од урнатините се извлечени најмалку 13 тела, меѓу кои и тела на нивни блиски.

Имавме среќа што преживеавме. Од сите работници, само 15 беа спасени“, рече Иса Сани, кој во моментот се лекува поради повреди.

Мухамед Иса од Здружението на рудари на сојузната држава Замфара потврди дека дошло до инцидент и додаде дека некои спасувачи се задушиле додека се обидувале да ги извлечат жртвите.

— реклама —

Илегалната експлоатација на злато е честа во Замфара, каде вооружени банди често ја контролираат рударската активност, предизвикувајќи насилство и несреќи со смртен последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Најмалку 13 лица загинаа при одрон во илегален рудник во јужна Колумбија

Свет | пред 1 седмица

357453815_551911603822454_7453999002068985639_n

Во сабота протест против рудникот „Иловица-Штука“: Време е да ја земеме судбината во свои раце

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања