Промени тема
Контакт

Најмалку 13 лица загинаа при одрон во илегален рудник во јужна Колумбија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarymf69v352efb9eEtDoZA
фото: unsplash

Најмалку 13 работници загинаа, а седуммина се повредени по одрон во илегален рудник за злато во јужниот дел на Колумбија. Несреќата се случила во средата попладне во близина на Поликарпа, во департманот Нарињо.

Според сведоци, непосредно пред одронот се слушнала експлозија во површинскиот дел на рудникот, по што работниците кои биле под земја останале затрупани.

— реклама —

Спасувачките екипи, заедно со жители од околината, со помош на багер ги извлекувале телата на загинатите. Меѓу жртвите има и четворица членови на исто домородно семејство.

— реклама —

Во рудникот, според локалните жители, редовно работеле околу 50 луѓе, од кои најголем дел биле припадници на домородната заедница Квиљасинга.

— реклама —

Несреќите се чести во неформалните и илегалните рудници во Колумбија, каде илјадници луѓе зависат од ископувањето злато и други благородни метали за егзистенција. Според проценките, во земјата меѓу 200.000 и 400.000 луѓе се занимаваат со рударство во мали, неформални рудници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

rudnik

Илегална експлоатација на злато завршува со трагедија во Нигерија

Свет | пред 10 месеци

357453815_551911603822454_7453999002068985639_n

Во сабота протест против рудникот „Иловица-Штука“: Време е да ја земеме судбината во свои раце

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања