Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Илон Маск ќе вложи 100 милиони долари за поддршка на републиканците на изборите во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
ilon-mask

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, одобрил издвојување на 100 милиони долари преку својот политички комитет „Америка ПАК“ (America PAC) за поддршка на републиканските кандидати на изборите за Конгресот во ноември, објави „Њујорк тајмс“.

— реклама —

Средствата ќе бидат насочени кон најмалку осум американски сојузни држави, каде што комитетот планира да организира кампањи со директни посети на гласачите, дигитално рекламирање и испраќање пошта до конзервативните избирачи.

— реклама —

Според извештајот, на претседателските избори во 2024 година организацијата посетила околу 10 милиони домаќинства во шест клучни сојузни држави со цел да ја зголеми излезноста на гласачите.

— реклама —

„Њујорк тајмс“ наведува дека Маск, кој важи за најголем индивидуален политички донатор во историјата на САД, повторно се вклучува во финансирањето на републиканците во период кога претседателот Доналд Трамп се соочува со пад на рејтингот поради економските предизвици и тензиите со Иран.

Иако претходно најави дека ќе ги намали политичките донации, по несогласувањата со Трамп околу буџетските политики и краткото дистанцирање од републиканците, Маск повторно ја обновил поддршката за партијата пред претстојните избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 12 часа

— реклама —
Policija

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза

Свет | пред 23 часа

rast-na-berzi

Волстрит расте и покрај стравувањата од ново зголемување на каматите во САД

Свет | пред 1 ден

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања