Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Венс ги смирува Американците по гласините за 90-дневен прекин на струјата: Нема причина за паника

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 минута -

Свет
media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ги повика граѓаните да не подлегнуваат на паника по ширењето гласини за можен прекин на електричната енергија низ САД во траење од 90 дена. Во интервју за „Фокс њуз“ тој порача дека нема потреба од изградба на засолништа или создавање залихи од храна и вода.

— реклама —

„Не гледаме дека се приближува каква било криза“, изјави Венс, но истовремено нагласи дека државата мора да биде подготвена и за најнеповолните сценарија.

— реклама —

Неговата изјава доаѓа по низа технички проблеми што погодија различни системи во САД, меѓу кои прекини во работата на услугите на „Мајкрософт“ и запирање на полетувањата на авионите поради проблеми во комуникацискиот систем.

— реклама —

Гласините за наводен 90-дневен прекин на електричната енергија дополнително се проширија на социјалните мрежи, каде што дел од корисниците ги поврзуваа со најавеното тестирање на американскиот систем за итно предупредување на населението.

— реклама —

Американската Федерална агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) ги демантираше ваквите тврдења, објаснувајќи дека станува збор за рутинско едноминутно тестирање за кое граѓаните не треба да преземаат никакви активности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Одборот на Трамп предупредува на неуспех на примирјето: Газа ја очекува уште една зима во шатори и урнатини

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 1 ден

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 1 ден

media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања