Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Им рековме на земјоделците ајде да одиме да протестираме заедно кај откупувачите на пиперки, но тие не сакаа да протестираат“, рече Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

Проблемите со откупот на пиперката се надминати, а откупот во последните неколку дена се одвива според очекувањата, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, претходно биле одржани разговори меѓу засегнатите страни.

— реклама —

Премиерот посочи дека Владата ги поддржува земјоделците во барањата за повисока откупна цена, оценувајќи дека нивниот производ бил потценет од откупувачите.

— реклама —

Тој откри дека на земјоделците им било предложено заеднички да се протестира пред најголемите откупни центри, но иницијативата не била прифатена.

„Ние ги поддржуваме земјоделците за повисоки цени. Им рековме: Ајде да одиме да протестираме заедно кај откупувачите, знаеме кои се три-четири најголеми откупувачи. Но, тие рекоа дека не сакаат да протестираат“, рече Мицкоски.

— реклама —

Според него, по разговорите сепак бил постигнат договор меѓу страните, со што проблемот бил надминат.

— реклама —

„Ние сакаме да имате повисока цена за вашиот род и заслужувате повисока цена. Вашиот род од страна на откупувачите е потценет. Ајде заедно да протестираме. Тогаш наеднаш се постигна договор и се затвори целата оваа приказна“, додаде премиерот.

Мицкоски изрази задоволство што, како што рече, сите страни сега се задоволни и што откупот на пиперката веќе неколку дена се одвива според очекувањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања