„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Има и полоши болници од кочанската, ниту еден пациент нема да остане незгрижен или нетретиран, рече Мицкоски по забелешките од пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-05-14-at-15.19.41

По забелешките на дел од повредените од дискотеката „Пулс“, дека во кочанската болница нема ниту услови да се третираат отворените рани, како и дека им ги мијат во обични мијалници - премиерот Христијан Мицкоски вели дека ниту еден пациент нема да остане нетретиран. Најави дека планираат проект насловен како „Кочани 2030“ кои би го спровеле со Европската комисија, а преку кој ќе се инвестира во објекти како што е кочанската болница и другите инфраструктури.

— реклама —

„Ќе вложиме многу пари, подготвуваме огромен проект. Ниту еден пациент нема да остане незгрижен или нетретиран“, додаде Мицкоски.

Тој потоа објасни дека има и полоши болници од кочанската.

— реклама —

„Условите во кочанската болница, со жалење констатирам, дека има болници и со полоши услови. И ние во овие 11 месеци не успеавме сѐ да реновинраме. Прв приоритет се тие луѓе. Тоа го покажвме од прв ден, застанавме зад тие луѓе. Направивме сѐ што можеме, за да бидат згрижени надвор од државата, како и во државата. Не сакам за овие работи јавно да зборувам што правиме и како правиме, за да не се злоупотребува оваа трагедија. Се праќаат специјални тимови. За жал, од тие повеќе од 200 луѓе кои беа жртви на овој ужасен настан и последиците кои ќе ги сносат - изгубивме двајца пациенти. Ние се трудиме како Влада, максимално“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања